Бадник 2018

На 06.01.2018 година, Бадник, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, со свештеници од Тетовското архиерејско намесништво богослужеше Света Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово. Со благослов на Mитрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, се организира бадникова поворка со мали дечиња кои што тргнаа од Соборните храмови од Тетово и Гостивар и се упатија низ градските улици, притоа посетувајќи повеќе православни семејства од градот испраќајки им го божиќниот благослов и пеејќи ја бадниковата песна „Вечниот Бог“.